Вие имате прво да ја знаете вистината

Повторно се огласи таткото на исчезнатиот Матеј по објавувањето на новите информации: Одговорно тврдам дека мојот син никогаш нема конзумирано дрога, а барам одговор само на две прашања!

Добро го познавам Матеј и пак одговорно тврдам дека никогаш, ама никогаш тој не би земал наркотици. Шокиран сум од информацијата која се појави во медиумите дека купиле наркотици на пат кон Белград. Ако оваа информација е од истрагата, тогаш како се појавува месец и десет дена по неговото исчезнување, вели Ненад Периш, татко на исчезнатиот млад граѓанин од Сплит.

Очигледно мојот син е виновен за неговото исчезнување. Повторувам, мене ме интересира само вистината, каква и да е. Никој никогаш не ми кажа каде Матеј може да исчезне. Па, претпоставувам дека како татко би морал да го знам тоа. Мојот син имаше многу планови за иднината и сето ова ми изгледа неприфатливо, тврди Периш во изјава за соседните медиуми. 

Она што таткото сака да го знае е кој ја дал таа информација на полицијата за купувањето на наркотици.

Во Белград сум од првиот ден. Никој од неговите пријатели не ми спомна дека застанале да купат наркотици. Сето ова ми изгледа како филм, вели Периш.

Според очајниот татко, тој се уште останува во Белград.

Немам потреба да одам никаде додека не го најдам мојот син во каква било состојба. Хрватската полиција повторно беше во Белград и ми соопштија дека истрагата е во тек. Сакам одговор на две прашања – дали Матеј бил сам во близина на Сава и како што објаснуваат зошто по два и пол часа подоцна бил пронајден сигналот на неговиот телефон кај островот во реката, изјавува Периш.

Новинарот на национална телевизија од соседството, Младен Мијатовиќ, претходно денес откри нови сознанија од истрагата која трае од денот на исчезнувањето на Матеј.

Она што е најнова информација е дека група млади момчиња на 30 декември заминале од Хрватска во Србија. Потоа изнајмиле комбе и купиле одредена количина синтетичка дрога во Загреб. Во прашање е дрогата наречена спид, а се претпоставува дека тоа го искористиле и пред да заминат во клубот, објасни Мијатовиќ.

Според Мијатовиќ тоа било ноќта помеѓу 30 и 31 декември.

Ова е доказ дека никој не им истурал дрога во пијалоците, туку тие сами си ја набавувале, а се уште не е утврдено кој од нив се дрогирал таа вечер, изјави Мијатовиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!