Вие имате прво да ја знаете вистината

Сопственик на компанија од Германија вистински џенталмен: Им понудил на вработенуте награда од 5.000 евра доколку се вакцинираат против Ковид-19! Компанијата овој потег ја чинело 2,5 милиони евра

Бројот на вакцинирани во Германија моментално стагнира. На крајот од минатата година дневно се вакцинираа повеќе од милион Германци, а неодамна се вакцинираа околу 300.000 жители. Поради тоа надлежните и работодавачите се одлучуваат за различни стимулации за да успеат да ги привлечат што повеќе граѓани на имунизација.

Компанија од Јена на своите вработени им понудила бонус од 5.000 евра за само една доза вакцина, пренесува Fenix-magazine.

Станува збор за компанијата Бочер АГ, а нејзиниот директор Удо Бочер на крајот на минатата година изјави дека неговата понуда ќе важи до крајот на јануари 2022 година.

Изгледа дека тој и успеал во својот план. Порано секој десетти работник бил заразен во компанијата, а стапката на вакцинација била околу 60 отсто. Денес 90 отсто од компанијата е целосно вакцинирана.

Понудата ја искористија повеќе од 500 вработени. А тоа ја чинеше компанијата околу 2,5 милиони евра, изјави Бочер, а членот на управниот одбор Данило Фрасиак изјави дека одлуката се исплатела.

Додека во ноември имавме и до 10 инфекции дневно, во последните 6 недели е регистрирана само една инфекција на вирусот. Нашите вработени се заштитени од ефектите на Ковид-19 инфекцијата, што е многу добро за нас како компанија бидејќи можеме да го направиме нашето работно место да биде одличен тим, изјави Фрасијак.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!