Вие имате прво да ја знаете вистината

Тропско невреме предизвика вистинска катастрофа во Мадагаскар: Градот изгледа како да е „бомбардиран“, целосно е под вода, се проценува дека повеќе од 150.000 луѓе би можело да се иселат (видео)

Најмалку 10 лица го загубија животот во југоисточниот дел на Мадагаскар во новата тропска бура што го погоди островот во Индискиот Океан и предизвика поплави, уништување на домови а ги остави жителите и без електрична енергија, соопштија властите.

Еден од најтешко погодените градови е Носи Варик на источниот брег, каде речиси 95 отсто од зградите беа уништени и изгледаа исто како да се бомбардирани, изјави претставникот на властите.

Циклонот Батсирај го погоди копното во саботата навечер и го погоди источниот брег со силен дожд и налети од ветер од 165 километри на час.

Се проценува дека до 150.000 луѓе би можеле да бидат раселени поради огромните штети.

Пред две недели, разорната тропска бура Ана помина низ островот, при што загинаа 55 луѓе, а 130.000 беа раселени.

Управата за управување со катастрофи и ризици минатиот ден соопшти дека загинале 10 лица. Државното радио објави дека некои луѓе загинале кога нивната куќа се урнала во градот Амбалавау, околу 460 километри јужно од главниот град Антананариво.

Видовме само пустош: откорнати дрвја, срушени електрични столбови, уништени покриви од ветерот, градот беше целосно под вода, изјави во телефонско интервју за медиумите Нирина Рахаингосоа, жителка на Фианаранцое, 420 километри јужно од главниот град. Таа додаде дека во градот исто така имало и прекин на струја.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!