Вие имате прво да ја знаете вистината

Чави им кажа на челниците на Барселона кого сака да му го “донесат”. Тој е луд по него!

„Донесете ми го Жил Кунде“, изјави тренерот на каталонскиот клуб Барселона, Чави, цитиран од агенциите. Кунде, стоперот на Севиља е најголемата желба на Чави, но управата на Барселона е во неволја како да му ја исполни желбата на тренерот бидејќи клубот од Андалузија бара 80 милиони евра за францускиот дефанзивец.

„Ерлинг Халанд е опсесија на раководството, но тренерот Чави верува дека за подобри резултати мора да донесе врвен стопер. Тој е луд по Кунде бидејќи верува дека тој е тип на играч за иднината – силен, технички добар и разноврсен. Чави ќе инсистира да го доведе на крајот на сезоната“, пишува Спорт.

Челзи беше блиску до доведување на Кунде, но Французинот остана во Севиља. „Барселона знае дека Кунде би дошол на Камп Ноу доколку клубот има доволно пари. Чави го уверува раководството дека ова е дефанзивец кој може да ја одбележи следната фудбалска деценија и дека нема сличен играч на пазарот, а Севиља знае дека мора да се продаде ова лето“.

23-годишниот Кунде од Париз пристигна во Севиља во 2019 година за 25 милиони евра.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!