Вие имате прво да ја знаете вистината

Американците задолжени „до гуша“

Вкупниот долг на населението на САД достигна 15,6 трилиони долари на крајот на 2021 година, покажуваат денеска објавените податоци на Федералните резерви на округот Њујорк.

Само во четвртиот квартал од минатата година американските граѓани го зголемиле долгот за 333 милијарди долари, а во целата година за нешто повеќе од 1.000 милијарди долари (еден трилион долари), пренесува CNBC.

Според филијалата на ФЕД во Њујорк, зголемувањето на долгот на домаќинствата во последните три месеци од минатата година е најголем во првиот квартал од 2007 па до сега, додека годишниот раст на долгот е најголем досега од 2003 година, кога овие статистики почнаа да се водат.

Во врска со високиот долг на Американците, CNBC предупредува дека оваа година се очекува ФЕД да почне да ја зголемува референтната каматна стапка за да ја ограничи инфлацијата, која достигна највисоко ниво во речиси 40 години, што директно ќе влијае на трошоците за задолжување, од хипотеки до заеми до крединти картички.

ФЕД: Зголемувањето на каматните стапки е неизбежно

На пазарите на капитал се проценува дека американската централна банка од март ќе почне да ги зголемува каматните стапки, а годинава ќе има најмалку пет зголемувања во вкупен износ од 1,25 процентни поени.

Голем дел од зголемувањето на долгот на домаќинствата произлегува од хипотекарните заеми, кои го зголемија салдото за 890 милијарди долари за една година и за 258 милијарди долари во четвртиот квартал, на речиси 11 трилиони долари.

Долгот на кредитните картички се зголеми за 52 милијарди долари во последните три месеци од минатата година, што е нов квартален рекорд кој го зголеми вкупниот долг во таа категорија на 860 милијарди долари.

ФЕД подготвува ладен туш?

Поради брзиот раст на цените, салдото на автомобилските кредити се зголеми за 90 милијарди долари, или 6,6 отсто, на 1,46 трилиони долари. Цените на новите автомобили во САД скокнаа за 11,8 отсто минатата година, додека користените автомобили пораснаа за неверојатни 37,3 отсто, според Министерството за труд.

Единствена категорија на долг на домаќинствата кај која има мал пораст се студентските кредити кои за една година пораснале за само 20 милијарди долари, додека во четвртиот квартал дури благо се намалиле, пишуваат американските медиуми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!