Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден со силна порака до Русија: Доколку Путин ја нападне Украина, проектот Северен тек 2 пропаѓа целосно во вода, еве ви ветувам!

Американскиот претседател, Џо Бајден изјави во понеделникот дека гасоводот Северен тек 2 ќе биде запрен доколку Русија ја нападне Украина и го истакна единството со германскиот канцелар Олаф Шолц, и додаде дека Западот се собира заедно за да спречи војна во Европа.

Говорејќи на прес-конференција во Белата куќа со новиот германски канцелар, Бајден, кој важи за долгогодишен противник на деценискиот проект за гасовод до Германија од Русија, тој истакна дека доколку руските сили преминат во Украина, тоа ќе биде поттик за гаснење на овој проект.

Ако Русија изврши инвазија, или тенкови и војници повторно ја преминат границата со Украина, тогаш повеќе нема да има Северен тек 2. Ние ќе му ставиме крај на тој проект, потенцираше Бајден.

На прашањето како, имајќи предвид дека проектот е под германска контрола, Бајден изјави: Ви ветувам, можеме да го направиме тоа.

Шолц изјави дека САД и Германија имаат ист пристап кон Украина, Русија и санкциите, но не ги потврди директно плановите за Северен тек 2, ниту јавно го спомнаа по средбата.

Русија наводно има собрано околу 100.000 војници во близина на границата со Украина, и наводно планира да изврши инвазија на таа држава. Американските власти велат дека нападот може да трае со денови или недели.

Шолц, кој е критикуван дома но и во странство за она што се смета за недоволно лидерство од негова страна за време на криза, им порача на новинарите дека Русија ќе плати многу висока цена ако ја нападне Украина, додавајќи дека Германија и САД имаат ист пристап.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!