Велика Британија заедно со Република Ирска ќе се пријават за домаќини на континенталниот турнир во фудбал во 2028 година.
Според британските медиуми конкуренција ќе бидат Турција и Србија, која истото го сакаат во заедничка организација со Бугарија, Грција и Романија.
Минатата година УЕФА објави дека ќе прифаќа кандидатури до 23 март, а трката официјално ќе биде објавена на 5 април.
Земјата/земјите кои сакаат да бидат домаќини на ЕУРО 2028 мора да имаат десет стадиони со следните капацитети:
* најмалку еден стадион со капацитет од најмалку 60.000 седишта;
* најмалку еден, а по можност два стадиони со капацитет од најмалку 50.000 седишта;
* најмалку четири стадиони со најмалку 40.000 седишта;
* најмалку три стадиони со најмалку 30.000 седишта.
Што се однесува до соседна Србија, таа во моментов ги има на располагање стадионите на Црвена звезда со капацитет од 52.000 места и Партизан со капацитет од 30.000 места, а главен адут е планирана изградбата на Националниот стадион.
Згора на се во соседна Грција, Атина има стадион од над 70.000 седишта, со сите модерни капацитети, како и во Букурешт, кој е изграден пред 11 години (55.000 места) и уште еден во Софија, Васил Левски (44.000 места).
Конечната одлука за домаќинот ќе биде донесена до крајот на 2023 година.