Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич.

– Разговаравме за ситуацијата во регионот и идната соработка со цел градење доверба и заедничка посветеност на мирот и стабилноста на Западен Балкан – рече Вучиќ.
Средбата се одржа во Претседателството на Србија.