Вие имате прво да ја знаете вистината

Германските и француските министри не се загрижени од предупредувањата на Мета: Европа може да живее убаво и без Фејсбук и Инстаграм, не може да не уценувате!

Заканата на компанијата Мета дека ќе ги повлече социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм од Европа, не ги потресе премногу министрите на Германија и Франција.

Европските лидери го прифатија индиректното предупредување од Мета дека ќе ги затворат своите мрежи на Инстаграм и Фејсбук ширум Европа доколку овој гигант повеќе не може да ги обработува податоците на Европејците на територија на САД и со американските сервери.

Откако ми беа хакирани профилите, четири години живеев без Фејсбук и Твитер и животот ми беше фантастичен, изјави Роберт Хабек, германски министер за економија. 

На истото мислење е и неговиот француски колега, исто така министер за финансии Бруно Ле Мер.

Можам да потврдам дека животот без Фејсбук е добар и дека живееме без оваа мрежа многу долго време. Технолошките гиганти мора да разберат дека не можат да ја уценуваат Европа и дека ќе го задржиме нашиот суверенитет до крај, потенцираше тој.

Тие во Париз одговараа на прашања во врска со најавата на Мета дека Фејсбук и Инстаграм повеќе нема да можат да работат на територија во Европа поради новите одлуки на ЕУ за приватност на корисниците.

Европската унија е огромен пазар со многу економска моќ и единство и вакво нешто не може да не заплаши, додаде министерот Хабек.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!