Вие имате прво да ја знаете вистината

Денес навршуваат 38 години од ЗОИ одржани во Сараево! Популарната маскота Вучко по тој повод денес се прошета низ главниот град на БиХ (фото)

Денеска се навршуваат точно 38 години од свеченото отворање на Зимските олимписки игри во 1984 година во Сараево. Маскота на најголемиот спортски настан што се одржал во регионот и голема гордост на главниот град на БиХ, популарниот Вучко денес се прошета низ улиците во Сараево.

Во рамки на годишнината од отворањето на Игрите во Сараево, кои се одржаа од 8 до 19 февруари, Вучко се „симна од планината“ во Сараево и се прошета низ градот и се фотографираше со минувачите. 

Мамеше насмевка кај постарите и потсети на спектакуларен настан и некои подобри времиња. За помладите тоа секако беше симпатична појава и без историската приказна поврзана со костимот кој го гледаа.

Потсетуваме дека на Зимските олимписки игри во Сараево се натпреваруваа во шест спортови и десет дисциплини а настапија 1.272 натпреварувачи од 49 земји (998 мажи и 274 жени).

Само отворањето за тие ЗОИ го следеа речиси две милијарди луѓе преку ТВ екраните.

Игрите во главниот град на Босна и Херцеговина ги следеа 7.825 акредитирани новинари и технички персонал од 760 редакции и 67 ТВ станици. Пријавени беа 696.000 гледачи и 10.450 волонтери, кои придонесоа за едни од најдобро организираните ЗОИ во историјата на олимписки игри.

 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!