Вие имате прво да ја знаете вистината

Додик: Време е да се намали ДДВ-то за основните прехранбени производи

Претседателот на СНСД и член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека ќе предложи намалување на стапката на ДДВ за брашното, маслото, шеќерот и другите основни прехранбени производи на 10 отсто, пишува Срна.

Додик истакна дека намалувањето на ДДВ за основните прехранбени производи е една од мерките што сигурно ќе го заузда поскапувањето и ќе го ублажи влијанието на инфлацијата врз семејните буџети низ БиХ.

Според Додик, оваа мерка би била од привремен карактер и би можела да биде ограничена до крајот на оваа година додека пазарот не се стабилизира.

– Диференцираната стапка на ДДВ, со ограничување на малопродажните маржи, би била соодветен одговор на инфлацискиот шок во овој момент. Имајќи предвид дека БиХ има најниска стапка на ДДВ во Европа, сметаме дека е време да се зголеми ДДВ-то за луксузот, а да се намалат даноците за основните прехранбени производи – заклучи Додик.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!