Вие имате прво да ја знаете вистината

Докторот на Надал ја кажа вистината: Чуден “коктел” е заслужен за неговото неочекувано брзо оздравување

Интересен избор на зборови.

Истакнатиот шпански лекар Анхел Мартин стана светски познат кога се дозна дека се грижи за здравјето на Рафаел Надал.

Сите се сеќаваат на фотографиите на шпанскиот тенисер на патерици направени пред само половина година, па поради тоа е вистински феномен како петтиот рекет во светот успеа да се опорави и да го освои Австралија Опен.

Токму Ангел Мартин о текстот во Марка беше тој што се обиде да ја објасни тајната на успехот:

– Рафаел во својата физичка и психичка сила додаде совршен тим: Марк, Себастијан, Карлос, Рафаел, Коста, Бенито и Тони. Сето ова формираше “необичен” коктел и формула која не може да потфрли. Тоа ги обезбедува оние мали детали кои ја прават разликата помеѓу поразот и победата која секогаш ќе падне на негова страна – вели Мартин.

Потоа дополнително го пофали шпанскиот тенисер.

– Рафа е вистински шампион чие име е веќе запишано со златни букви во историјата на тенисот и спортот воопшто. Но, исто така, ја има и едноставноста што го прави одличен. Тој не е само елитен спортист. Рафа е човек. Тој е одличен во секој поглед. Неговиот пламен никогаш нема да изгасне – заклучил Анхел Мартин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!