Вие имате прво да ја знаете вистината

Еден од најскапо платените фудбалери на денешницата дел од нов скандал: Помогнете му, мртов пијан е, не може да стои (видео)

Џек Грилиш е седмиот најплатен фудбалер на сите времиња. Неговиот трансфер од Астон Вила во Манчестер Сити минатото лето изнесуваше 117,5 милиони евра, што е, на крајот на краиштата, најголемата отштета што некој клуб досега ја платил за еден играч, а за да се натпреварува во англиската Премиер лига. 

26-годишниот фудбалер од едно просечно лево крило се претвори во една од главните ѕвезди на англискиот фудбал, но бројките оваа сезона не му одат во прилог. На 24. натпревари за Манчестер Сити, тој постигна три гола и подели уште три асистенции, а многумина се согласуваат дека тој можеше да одигра подобро до сега.

Англиските таблоиди го фатија во друштво на соиграчите, Кајл Вокер и Ријад Махрез на едно од нивните заеднички излегувања. А видеото кое се појави на интернет, накратко речено, изгледаше многу пијано.

На видеото објавено од некој анонимен ТикТок профил јасно се гледа дека Грилиш е под дејство на алкохол и дека едвај може да стои на нозе. Покрај тоа, тој се облекувал несоодветно, па обезбедувањето не сакало да го пушти во просторот на еден еминентен ноќен клуб во Манчестер.

Џек е лут, не смее да влезе, погледни го. Пијан е и бесен, јасно се слуша на снимката во позадина.

Ова не е првпат Грилиш да има проблем со однесувањето, тој неколкупати се најде на насловните страници поради расправија со тренерот Пеп Гвардиола. Се уште не е познато дали клубот ќе го казни за ова негово не-професионално однесување.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!