Вие имате прво да ја знаете вистината

Заработила милион долари за само 48 часа !? Оваа позната јутуберка открива како со една фотографија успеала да направи цело богатство!

Корина Коф е една од најпознатите јутјубери и гејмери во САД, а таа за само 48 часа успеала, како што тврди, да заработи неверојатни милион долари со објавување на нејзина фотографија на страница за возрасни.

Јутјуб ѕвездата Корина, која на оваа мрежа ја следат речиси два милиони корисници, а додека на Инстаграм има речиси 6 милиони следбеници, светската слава ја стекна благодарение на сексуалните шеги во нејзините видеа и видеата на нејзините пријатели како што е светски познатиот јутубер Дејвид Добрик, но и фактот што е активна во индустријата за видео игри.

Сепак, очигледно заработката од овие социјални мрежи не и била доволна, па решила да отвори профил на популарниот сајт за возрасни, „OnlyFans“.

Како што неодамна откри во едно видео на нејзиниот пријател Дејвид Добрик, досега на оваа платформа заработила неверојатни милиони долари. На само една фотографија на која ги покажала градите добила 165 илјади долари.

Инфлуенсерката минатиот месец отвори профил на оваа мрежа и очигледно го направила вистинскиот деловен потег во животот кога станува збор за финансиите и профитабилната заработка.

За 48 часа заработив повеќе од милион долари. Потоа се коцкав да го прославам овој момент и освоив уште 30.000 долари, изјавила атрактивната русокоса.

Таа не сакаше да ја открие вкупната сума што ја заработува секој месец, но се чини дека нема никакви финансиски проблеми, со оглед на тоа што неодамна се почастила со ново Ферари вредно 400.000 долари.

И покрај неверојатно високата сума што ја добива за сексуалните соодржини на сајтот „OnlyFans“, често може да се слушнат критики дека на нејзиниот профил нема доволно „груби“ и провокативни фотографии и дека на некој начин ги мами своите претплатници со нејзината слава.

Не секоја слика ќе биде најлудата што сте ја виделе. Ако не ви се допаѓа мојата содржина, одјавете се. По ѓаволите сите што сте толку вредни и барате да објавувам одредени работи. Ќе објавувам што сакам и кога сакам. Ако не ти се допаѓа, тогаш оди си од мојот профил, порача таа во едно од нејзините видеа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!