Вие имате прво да ја знаете вистината

За латино дивата годините се само бројка! Џенифер Лопез блесна на насловната страна на престижен магазин а со тоа ги освои симпатиите од својте следбеници (фото)

Латино дивата, Џенифер Лопез, една од најатрактивните пејачки и актерки во светот, блесна на новата насловна страница на престижниот магазин „Rolling Stone“, кој во мартовскиот број ќе се занимава со темата на иконите во светот на шоу-бизнисот и нивното влијание.

Популарната Џеј-Ло позираше облечена во таканаречен боди блејзер од колекцијата на луксузниот бренд Balmain кој се уште не го видел светлото на денот.

Нејзината титула е во склад со се што претставува Лопез, таа ги прекрши сите правила за да дојде до врвот.

Веднаш откако ја објави насловната фотографија на својот Инстаграм профил, Џеј-Ло се соочи со бројни лајкови и позитивни коментари упатени за нејзиниот фантастичен изглед.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!