Вие имате прво да ја знаете вистината

Мирослав Илиќ во лоша состојба: По последното судење со бившата љубовница, на пејачот му се слоши?

Иако насмеан ја напушти судницата, здравствената состојба на Мирослав Илиќ се влоши по враќањето од последното судење со Мирјана Антоновиќ. Според тамошните медиуми, кога стигнал дома, притисокот нагло му скокнал.

– Кога пристигна, крвниот притисок нагло му скокна. Му беше навистина лошо. Тој се пожалил и на бодежи во градниот кош. Неговата сопруга сакала да повика брза помош, но тој одбил. Тој земал терапија и рекол дека не му се верува дека сите овие години се влече низ судот, нагласувајќи дека Антоновиќ можела сето тоа да го реши мирно, со него, но бидејќи таа наводно одбила, тој побегнал од судот. Бидејќи судењето беше затворено за јавноста, деталите не се познати – заклучил извор за „Скандал“.

Бидејќи последното судење беше во септември, а се подготвува ново во моментот кога Мирјана повторно ќе може да патува од САД, Мирослав реши што помалку да се појавува во јавноста, за да си го зачува здравјето и приватноста.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!