Вие имате прво да ја знаете вистината

Најголемите социјални мрежи, Фејсбук и Инстаграм би можеле да бидат угасени во Европа!

Компанијата Мета соопшти дека размислува да ги затвори социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм во Европа доколку не може да продолжи да ги пренесува податоците на корисниците назад во Соединетите Америкаснки Држави.

Гигантот на социјалните мрежи издаде предупредување во својот годишен извештај објавен минатиот четврток. Регулаторите во Европа во моментов подготвуваат нови закони кои ќе диктираат како податоците на корисниците на ЕУ ќе се пренесуваат преку Атлантикот.

Се огласија и од компанијата Фејсбук.

Доколку не се усвои новата трансатлантска рамка за пренос на податоци и не можеме да продолжиме да се потпираме на SCC (стандардни договорни клаузули) или да се потпреме на други алтернативни начини на пренос на податоци од Европа во Соединетите Американски Држави, веројатно нема да можеме да понудиме одреден број од нашите најважни производи и услуги, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм, во Европа, велат тие.

Компанијата додаде дека тоа материјално и негативно ќе влијае на навниот бизнис, финансиската состојба и деловните резултати.

Компанијата не може само да ја уценува ЕУ да се откаже од своите стандарди за заштита на податоците на корисниците, напиша европратеникот Аксел Вос на социјалната мрежа Твитер, додавајќи дека напуштањето на ЕУ би било нивна загуба. Вос претходно напиша некои од законите на ЕУ за заштита на податоците на корисниците.

Портпаролот на Мета изјави во понеделникот дека компанијата нема желба и не планира да се повлече од Европа, додавајќи дека истата загриженост била изразена и во претходните извештаи.

Но, едноставната реалност е дека Мета, и многу други компании, организации и услуги, се потпираат на пренос на податоци помеѓу ЕУ и САД за да управуваат со глобалните услуги, велат тие.

Во август 2020 година, ирската Комисија за заштита испрати прелиминарна наредба до Фејсбук да го запре преносот на кориснички податоци од ЕУ во САД, се вели во извештајот на Вол Стрит, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.

Ирската комисија за заштита на податоците започна истрага за преносот на податоци од ЕУ во САД контролиран од Фејсбук и сугерираше дека SCC во пракса не може да се користат за пренос на податоци од ЕУ во САД, изјави Ник Клег, потпретседател на Фејсбук за глобални прашања и комуникации во текст на неговиот блог.

Иако овој пристап е предмет на понатамошен процес, доколку се следи, може да има далекусежни последици за компаниите кои се потпираат на SCC и на интернет услуги на кои се потпираат многу луѓе и бизниси, додаде тој.

Ирската комисија за заштита на податоците се очекува да донесе конечна одлука во првата половина на 2022 година.

Ако SCC не може да се користат како правна основа за пренос на податоци, Фејсбук ќе мора да ги исфрли повеќето од податоците што ги собира на европските корисници. DPC може да го казни Фејсбук до 4 отсто од својот годишен приход или 2,8 милијарди долари доколку не го стори тоа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!