Вие имате прво да ја знаете вистината

Повеќе од 30 спортисти учесници на ЗОИ во Пекинг позитивни на вирусот Ковид-19: Условите за изолација се катастрофа, лоша храна и слаб интернет!

Повеќе од 30 спортисти на Олимпијадата во Пекинг се во изолација по добиените позитивните тестови на вирусот Ковид-19, соопштија организаторите.

Престојот во изолација трае во просек седум дена. Брајан МекКлоски, претседател на стручниот медицински одбор на ЗОИ во Пекинг, изјави дека 50 спортисти се ослободени од изолација и дека огромното мнозинство спортисти се добро и не им е потребен никаков медицински третман.

Веста дека 32 спортисти се во изолациони установи дојде по поплаките на спортистите и државите за лошите услови во нив. Тие се пожалија на храната што не можела да се јаде, валкани простории и недостаток на опрема за обука и пристап до интернет.

Организаторите признаа дека изолацијата е тешка ситуација за спортистите кои се соочуваат со можност да ги пропуштат натпреварите по долгогодишните тренинзи и рекоа дека се работи на брзо решавање на сите проблеми.

За да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, организаторите во Пекинг бараат секој во таканаречениот олимписки „балон“ да се тестира секојдневно. Оние за кои е потврдено дека се позитивни се однесени во изолациона установа каде што остануваат додека не добијат негативни тестотови.

Организаторите соопштија дека очекуваат да се намали бројот на позитивни случаи со намалување на бројот на новодојдените спортисти во олимпискиот „балон“.

МекКлоски истакна дека сите во „балонот“ се тестираат и дека речиси сите спортисти се вакцинирани.

Мислам дека вашите шанси да се заразите со Ковид-19 во затворен круг се помали од кое било друго место во светот, потенцираше МекКлоски.

Досега има потврдено вкупно 393 позитивни случаи на вирусот во олимпискиот „балон“. Покрај спортистите, заразени се и претставници на медиумите, претставници на државите и други луѓе вклучени на ЗОИ. Повеќе од 12.800 луѓе пристигнаа во Кина од странство по повод Зимските олимписки игри.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!