Вие имате прво да ја знаете вистината

По примерот во Канада, камионџиите од Нов Зеланд ги блокираа главните улици во Велингтон! Премиерката децидна: Нема да разговорам со демонстрантите (фото)

По примерот на блокадата во Отава, конвој камиони и кампери денес ги блокираа улиците околу парламентот на Нов Зеланд во Велингтон поради протестот против мерките за заштита од вирусот Ковид-19.

Вакциниран сум, но се спротивставувам на тоа да ги принудувам луѓето да се вакцинираат, изјави еден од демонстрантите за тамошните медиуми. На возилата можеа да се забележат пораки како „вратете ни ја слободата“ и „доста е“.

Премиерката Џасинда Ардерн изјави дека нема намера да разговара со инволвираните во демонстрациите. Таа посочи дека мнозинството граѓани ја поддржуваат владината програма за вакцинација.

96 отсто од жителите на Нов Зеланд се вакцинирани, што ни овозможува да живееме со помалку ограничувања денес благодарение на обезбедената заштита, изјави Ардерн.

Во Нов Зеланд, вакцинацијата против вируот Ковид-19 е задолжителна за луѓето кои работат во сектори како што се здравство, полиција, образование и армија. Потребен е сертификат за потврда за вакцинација за влез во ресторани и учество во спортски настани или верски церемонии. Не е задолжителен за користење на јавен превоз, влез во продавници, училишта и пристап до здравствени услуги.

 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!