Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин му посакал богато добредојде на Макрон: Прес-службата обајви што имале за ручек за време на состанокот на двајцата лидери, вистински раскош!

Прес-службата на претседателот на Русија го откри менито за ручек на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон.

Дел од разговорот во главно го поминале на маса, а на менито имало седум различни јадења.

Путин го угостил својот француски колега равиоли со спанаќ, супа од седум видови на риби, пред јадење подготврно со сладок компир а за крај капини.

Главното јадење било стек од есетра со птитим (израелски кускус), јаболка со ракчиња и шербет од ѓумбир.

За десерт било подготвено тарт со круша и сладолед од ванила.

Што се однесува до пијалоците, им беа послужени вината од видот шардоне и ребо, произведени во Русија во 2015 година.

Преговорите помеѓу политичарите во Кремљ се одржаа на 7 февруари и траеја нешто повеќе од пет часа.

Рускиот претседател изјави задоволство дека средбата со Макрон била значајна и корисна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!