Вие имате прво да ја знаете вистината

Се огласи Пентагон: Нема одмор за Путин, за време на викендот распореди дополнителни воени сили на границата со Украина

Пентагон соопшти дека Русија продолжила да ги засилува воените сили на границата со Украина во текот на минатиот викенд. 

Нема одмор, дури и во текот на викендот, видовме дека Путин додаде дополнителен капацитет на своите сили долж границата со Украина и Белорусија, изјави Џон Кирби, портпарол на Пентагон.

Кирби изјави дека се чини дека руските сили во овој момент не се директно насочени кон источната страна на НАТО. Според него, Русија има повеќе од 100.000 војници распоредени на границата со Украина и продолжува да ги зголемува своите сили.

Тој посочи дека во овој момент нема испратено дополнителни американски сили да се подготват за распоредување во Европа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!