Вие имате прво да ја знаете вистината

Се појави видео кое ја вознемири јавноста: Француски фудбалер ја шутира својата домашна мачка пред своето дете! (видео)

Фудбалерот на Вест Хем, Курт Зума ја шокираше јавноста откако беше објавено видео на кое тој ја клоца својата бенгалска мачка. Снимен е како го удира своето домашно милениче во неговата луксузна вила вредна два милиони фунти, а видеото кое ја шокираше јавноста го снимил неговиот брат.

Францускиот репрезентативец ја крева мачката на видеото а потоа ја клоца. Потоа ја натепал мачката низ кујната пред неговото дете, а снимателот на видеото се смее во позадина.

Видеото ја шокираше јавноста, а организациите за заштита на животните побараа итни санкции за фудбалерот. Зума, во меѓувреме, се извини и изјави дека ова е изолиран инцидент.

Сакам да се извинам за моите постапки. Нема оправдување за моето однесување, за што искрено жалам. Исто така, сакам да кажам дека ми е длабоко жал за сите што ги вознемирив со снимката. Ги уверувам сите дека нашите две мачки се доста добро и здрави. Целото наше семејство ги сака и негува, а ваквото однесување беше изолиран инцидент што нема да се повтори, изјавил Зума.

Фудбалерот наводно бил бесен бидејќи неговата мачка направила хаос во неговата куќа, а клубот од Вест Хем веднаш излезе со соопштение во кое безрезервно ги осудува постапките на својот играч и на ниту еден начин не одобрува суровост кон животните.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!