Вие имате прво да ја знаете вистината

Велика Британија повторно во центарот на скандалите: Дали оваа фотографија ќе му ја запечати кариерата на Борис Џонсон !? (фото)

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон повторно е во центарот на скандалот, бидејќи на виделина излезе фотографија на која јасно се гледа како тој позира со чаша шампањ на традиционалниот божиќен квиз во декември 2020 година, во време кога строгите мерки против вирусот Ковид-19 беа на сила во таа држава што подразбираше забрана за групирање а исто така на сила беше и строгиот карантин.

Новата фотографија недвосмислено покажува дека Џонсон се забавувал на божиќниот квиз во декември 2020 година, со отворено шише шампањ и неговиот персонал кои на главата носи капи на Дедо Мраз.

Претходно беше објавено дека традиционалниот квиз во 2020 година ќе се одржи виртуелно.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!