Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ и анегдотата за малините! Премиерката на Србија раскажа се и ги насмеа сите: Беше 6 часот наутро, претседателот ми ѕвони… (видео)

Премиерката на соседна Србија, Ана Брнабиќ гостувајќи во познатата забавна емисијата „AmiG Show“ на една српска национална телевизија, на прашањето на водителот Огњен Амиџиќ каков е претседателот на Србија приватно, премиерката кажа една анегдота и нагласи дека Вучиќ секогаш мисли на работа и секогаш размислува за Србија.

Беше 6 часот наутро, ми заѕвони телефонот. Одговарам, ми се јавува претседателот. Бев зачудена што ми се јави толку рано. А тој ме праша – зошто увезуваме малини од Мароко и како тоа влијае на нашиот БДП ?

Бев во шок, мислам, какви малини одеднаш во 6 наутро. На што тој ми одговори дека јадел малини и видел на амбалажата дека пишувало дека се увезени од Мароко, раскажува премиерката на Србија и додава:

Потоа веднаш му се јавив на Недимовиќ и го прашав зошто малините се увезуваат од Мароко и како тоа влијае на БПД на Србија, а му напоменав дека за ова ме прашал претседателот и ме повикал на телефон рано наутро а му реков веднаш да го провери тоа.

Таа насмеа многумина и низ смеа изјави дека Александар Вучиќ како претседател е многу посветен на Србија и се што ја засега дражавата, без оглед на времето, па, во рани зори.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!