Вие имате прво да ја знаете вистината

Драматичен скок на цените во Хрватска, граѓаните во шок! По покачувањето на електричната енергија и природниот гас, поскапува и водата за пиење и тоа за 40 отсто!

По огромното поскапување на гасот и струјата во Хрватска, дојде најава дека ќе поскапи и водата и тоа за цели 40 отсто.

Новинарот Зоран Шпрајц во својата емисија привлече внимание на тоа дека поскапувањето на водата за пиење е резултат на приклучувањето кон водоснабдувањето на помали и поголеми површини, а тоа се врши по налог на Владата на Хрватска.

Како што неодамна беше најавено, од 1 април годинава цените на бензинот во Хрватска за граѓаните ќе бидат повисоки за најмалку 45 отсто, а во некои градови и над 60 отсто.

Кај големите потрошувачи на нафта сметките во јануари се зголемени и за 300 отсто.

Дистрибутерите на природен гас не ги спасија црквите кои беа ставени во категоријата фирми, па свештениците добија сметки кои не можат да ги платат. Повеќето цркви во Загреб повеќе не се греат, а нема да се греат ниту во иднина бидејќи верските заедници немаат пари.

Поскапувањето на бензините веќе предизвика верижно поскапување на друфите услуги, па рестораните ги покачија цените за 10 до 15 отсто, додека цената на кафето во кафуле наскоро ќе биде три евра. Поскапуваат и фризерите, автомеханичарите и козметичарите, а напролет се очекува вистински удар по цените на сите полиња.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!