Вие имате прво да ја знаете вистината

Дубровник трансформиран во филмски сет: Холивудските ѕвезди пристигнаа во стариот град каде што се снима хит серијата „Jack Ryan“! (фото)

Во Дубровник овие денови започна снимањето на американската хит серија „Jack Ryan“, а по тој повод низ стариот град прошетаа познатите холивудски актери Џон Красински (42 г.), Мајкл Пен (46 г.) и Мајкл Кели (52 г.).

Третата сезона од популарната акциона серија се снима во Хрватска, а стариот град наликува на еден голем сет на кој снимаат многу познати личности од холивуд.

Шетајќи низ градот, хрватските репортери го забележаа актерот Џон Красински, кој воедно ја има и главната улога во серијата, актерот Пена, кој го гледавме во серијата „Narcos – Mexico“ и актерот Кели кој е познат по улогата во политичката серија „House of cards“.

Снимањето во Дубровник ќе трае околу две недели, а како што веќе соопштија хрватските медиуми – се уште многу малку се знае за сите детали, а продукцијата се труди тоа да остане така.

Поради снимањето, граѓаните на Дубровник деновиве нема да можат да ги користат паркинг местата во близина на влезот во стариот град, а се очекува хотелите да се полнат за време на снимањето на серијата, јавуваат хрватските медиуми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!