Вие имате прво да ја знаете вистината

Исповед на луѓето кои се бореа да го спасат малиот Рајан: Копавме и се молевме пет дена (фото)

Цел свет го потресе судбината на петгодишниот Рајан Орам, момче од Мароко, кое трагично почина по пет дена заробено во бунар длабок 32 метри.

Спасувачите деноноќно работеле за да го извлечат детето од бунарот, но само половина час откако го извлекоа стигнала веста дека детето починало.

Стотици луѓе беа вклучени во акцијата, која будно ја следеа милиони луѓе ширум светот. Спасувачите без одмор со багери го копаа патот до момчето, ризикувајќи да предизвикаат лизгање на земјиштето. Направија се што можеа за да го извлечат.

Не спиев пет дена. Бевме во опасност дење и ноќе. Седев за време на молитвата и додека очите ми беа затворени, продолжив да се молам. Имаше карпа долга метар и половина и ни требаше многу време да се скрши. Никогаш досега не сум видел таков камен. Каменот беше син. Кога ќе го удрите ноќе, гледате огнени искри. Ако се скршеа ножиците, ќе донесевме уште едни итн. Таа карпа ни одзеде време од седум наутро до седум навечер, се обидовме да ја скршиме, а откако се скрши, лесно падна – рече Али Ал Парави, копач на бунари и вујко на Рајан.

Спасувачите прво ископале вертикално, а потоа хоризонтално, за да стигнат до момчето и да го извлечат. Во еден момент се обиделе со камери да проверат дали е жив.

Не знаев дека ова видео ќе се прошири низ целиот свет, не ни претпоставував дека ова ќе се случи. Ова видео беше случајно. Бевме изненадени од сликите што ги добивме кога ги објавивме. Предложив да користиме телефонска камера за да откриеме дали Рајан е на дното на бунарот. Навистина, по 15 минути ни стана јасно дека Рајан е тука – изјави Нади Ал-Разаин, човекот кој прв го фотографираше Рајан под земја.

Мештаните се тажни поради трагичниот крај.

Господ нека му се смилува. Рајан сакаше да игра и падна во бунар – вели локален жител.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!