Вие имате прво да ја знаете вистината

Исти траги од спид биле најдени и во комбето со кое дојдоа од Загреб и во станот во Белград каде биле сместени, случајот на изчезнатиот Матеј Периш добива епилог?

Матеј Периш исчезна во Белград ноќта помеѓу 30 и 31 декември минатата година. Го напушти клубот Готик и од тој момент му се губи секаква трага.

Новинарот на ТВ Пинк Младен Мијатовиќ откри нови детали во врска со случајот со исчезнатиот Сплиќанец, по кој се трага повеќе од еден месец.

Тоа што е најновата информација е дека група млади момчиња на 30 декември од Хрватска тргнале кон Србија. Тие потоа изнајмиле комбе и купиле значителна количина синтетичка дрога во Загреб. Се работи за спид, а се претпоставува дека ја искористиле пред да одат во клубот – објасни Мијатовиќ.

Според Мијатовиќ тоа било ноќта меѓу 30 и 31 декември.

Тоа е доказ дека никој не им ја истурал дрогата во пијалоците, туку тие сами си ја купиле, а се уште не е утврдено кој се дрогирал таа вечер, изјавиМијатовиќ.

Според Мијатовиќ, Периш имал навика да си заминува од некој клуб, да исчезне, а потоа по 12 или 15 часот да се врати дома.

Имаше, условно кажано, слични испади, додаде Мијатовиќ.

Да потсетиме, откако Периш го напушти клубот Готик клуб каде што беше со своите пријатели, свое мислење се искажаа многу експерти, меѓу кои и претседателот на полицискиот синдикат на Србија, Вељко Мијаиловиќ, кој откри што се случило во станот на Сплиќанецот и неговите пријатели.

„Полицијата е повеќе од вообичаените околности вклучена во потрагата по младиот Сплиќанец. Сметаме дека се работи за дете, бидејќи лицето е многу младо, а тогаш се води истрага и надвор од работното време“, истакна Мијаиловиќ за Прва ТВ.

Тој потврди дека младите конзумирале опијати.

“Можете да замислите како тоа влијаело на нивните тела – алкохол плус наркотици. Матеј станал од масата околу 1.40 часот и наеднаш излегол надвор. Факт е дека неговите пријатели забележале дека го нема речиси еден час подоцна. Следното попладне го пријавиле како исчезнат“, открива Мијаиловиќ.

„Најдовме траги во комбето во кое дојдоа од Хрватска, како и во сместувањето во Белград. Конзумирале дрога, најверојатно сите седуммина. Таа дрога ја донеле со себе“, рече Мијалиовиќ.

Како што додава, не треба да се заборави и фактот дека Матеј го потресе смртта на неговиот другар. Таа трагедија се случи пред само еден месец и половина.

„Матеј не можеше да го спаси својот пријател. Даде се од себе, но не можеше да му го спаси животот. Оваа трагедија му се случи на Матеј пред само еден месец и половина и ние не знаеме низ каков процес на тага минува и како се опоравува од шокот“, истакнува Мијаиловиќ.

Претседателот на полицискиот синдикат на Србија нагласува дека полицијата совесно си ја врши работата и дека може само да се надеваат дека ќе го најдат младиот човек жив.

„Колку повеќе минува време, толку помалку има надеж. Но, нема да се откажеме додека не го решиме овој случај. Како и во секој случај кога станува збор за дете, така и сега полицајците се посветуваат на задачата повеќе од вообичаено“, заклучува Вељко Мијаиловиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!