Вие имате прво да ја знаете вистината

Како да ја спречиме пандемијата !? Бил Гејтс напиша книга која ја обработува оваа тематика, тој верува дека ова е последната панедемија што ќе ја доживее човекот!

Ко-основачот на компанијата Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе на планетата, Бил Гејтс, напиша книга за тоа како да се спречи следната пандемија, пишувајќи дека верува оти вирусот Ковид-19 може да биде последната пандемија.

Пандемијата со вирусот Ковид-19 тешко погоди многумина. Луѓето поминаа тешко време од губење на работата, намалување на платите и губење на своите најблиски до конечно добивање вакцина против Ковид-19 и како и дополнителни лекови за борба против вирусот.

Бил Гејтс истакна дека вирусот Ковид-19 јасно ставил до знаење дека приоритет мора да биде елиминирање на заканите кои би можеле да ја предизвикаат следната пандемија.

Тој изјави дека ја следи пандемијата од самиот почеток и дека научил многу за оваа пандемија од стручните луѓе со кои работел.

Тој истакна дека со објавувањето на книгата сака да го сподели она што го слушнал од оние со кои соработувал, за да придонесе за спречување на појава на нови пандемии во иднина.

Во книгата ги разгледав конкретните мерки што можеме да ги преземеме, не само за да ја запреме пандемијата, туку и како да обезбедиме подобра здравствена заштита на луѓето ширум светот, изјави Бил Гејтс.

Во книгата ќе бидат вклучени и неговите разговори со главниот американски инфектолог Антонио Фаучи и директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Адан Гебрејесус.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!