Вие имате прво да ја знаете вистината

Како на видео игра: Пијан возач на камион во Германија поминал на црвено при што предизвикал сообраќајна несреќа и оштетил дури 31 возило!

Пијан возач на камион удрил со своето возило во паркирани автомобили откако го игнорирал црвеното светло на семафорот во јужниот дел на Германија, туркајќи автомобили покрај зградите и предизвикувајќи некои од нив да се запалат, соопшти полицијата, пренесуваат германските медиуми.

Три лица се полесно повредени, а 31 возило е оштетено во инцидент во Фурт, недалеку од Нирнберг, во вторникот вечерта.

Возачот на камионот поминал на црвено светло допирајќи го автомобилот кој се наоѓал на раскрсницата и продолжил без да застане, се вели во полициското соопштение. Набргу потоа, камион налетал на неколку паркирани автомобили и ги турнал нанапред, а некои од автомобилите завршиле и во ѕидовите на зградите. Во судирите се запалиле неколку автомобили, фасадата на куќата и самиот камион, при што куќата навремено била евакуирана и за среќа немало жртви.

Возачот, 50-годишен турски државјанин без постојан престој во Германија, е уапсен на лице место, соопшти полицијата. Алкотестот покажал дека има неколку-кратно повеќе над дозволеното алкохол во крвта.

Полесно се повредени возач на камион, возач на автомобил кој бил удрен на семафорот и случаен минувач.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!