Вие имате прво да ја знаете вистината

Наташа Беквалац откри каков маж сака покрај себе

Српската пејачка Наташа Беквалац за време на гостувањето во една емисија откри каков маж би сакала да има покрај себе.

Пејачката која зад себе има три брака, ги коментираше емотивните врски во шоуто „Ами Џи“ и откри дека бизнисменот Миодраг Костиќ ја фасцинирал.

“Единствено Костиќ ме фасцинираше и во него бев вљубена го доживеав тоа во моите 20-тите години . После тоа никогаш повеќе не сретнав човек од сличен тип. Би сакала повторно да запознаам таков интелект. Се разбира, со Миодраг Костиќ, се уште сме во контакт“, рече таа.

Таа додала дека никогаш подоцна не запознала таков маж.

“Ниту една од моите љубови не била најголема досега, но сите беа различни. Во еден момент ме водеше страста, а во друг момент сакав некој нормален и обичен.

Таа потоа се осврна на тоа што е најголемиот проблем во нејзините минати врски.

“На почетокот моите партнери не ме обвинуваа за ништо. Бев перфектна и совршена. Подоцна проблемот е мојата работа. Моја работа е мојот живот. Кој не ја сака мојата работа, не го сака мојот живот и затоа не ме сака ниту мене“, додаде таа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!