Вие имате прво да ја знаете вистината

Од видео на YouTube до казна затвор од две години! Кој е чешкиот тајкун кој лудуваше по германските патишта и возеше автомобил со брзина од 417км/ч. !?

Германија е добро позната по тоа што нема ограничување на брзината на автопатите, но чешки милионер кој возел дури со брзина од 417 км/ч, ги поминал сите границите на толеранција од полицијата.

Радим Пасер сега е под истрага бидејќи возел со таа неверојатна брзина на дел од автопатот во покраината Саксонија-Анхалт.

Обвинителството во тој редион на Гермија почна да се занимава со овој потенцијално незаконски инцидент.

Возачот сега се соочува со висока парична казна или одење две години во затвор.

Богатиот сопственик на спортски автомобил од Чешка минатото лето објави видеа на Јутјуб како го вози својот луксузен автомобил Bugatti Chiron на автопатот А2 помеѓу Берлин и Хановер, привлекувајќи го вниманието на германската јавност.

На овие слики, покажувачот на брзинометарот се искачува до неверојатни 417 км/ч.

Во напишан коментар под видеото, Пасар вели: Видливоста беше многу добра. Безбедноста ми е приоритет, а околностите беа такви што дозволија вакво возење.

Тој додаде дека возел околу 04:50 часот наутро во недела и дека тој пат веќе го имал поминато претходно.

Полицијата покрена истрага откако во медиумите се појави веста за брзото возење.

Според германските закони, возењето е прекршок ако возачот се движи со несоодветна брзина и на начин што во голема мера ги прекршува сообраќајните прописи или е невнимателен.

Министерот за транспорт Фолкер Висинг го осуди ставот на возачот, нагласувајќи дека иако нема ограничување на брзината на германските автопатишта, автомобилот секогаш мора да биде под контрола.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!