Вие имате прво да ја знаете вистината

Османи-Шоле: Повик за деескалација на состојбите во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари телефонски разговор со Дерек Шоле, советник на Стејт департментот на САД.

Разговорот, како што информираат од МНР, доаѓа веднаш по посетата на советникот Шоле на Бугарија, што, нагласуваат, е особено значаен моментум, имајќи го предвид и нововоспоставениот дијалог меѓу Скопје и Софија и преземените чекори во насока на градење на довербата и надминување на предизвиците меѓу двете земји.

-Министерот Османи изрази благодарност за континуираната поддршка од САД за реализација на нашите стратешки цели и ја истакна значајната улога на нашите американски пријатели за просперитетот и демократските постигнувања на Северна Македонија. Во оваа прилика советникот Шоле уште еднаш ја реафирмираше американската јасна и недвомислена поддршка за што поскоро отпочнување на пристапните преговори со ЕУ,при што беше заемно оценето дека  европската перспектива и присуството на САД во регионот се особено значајни за стабилноста и просперитетот на Северна Македонија и Западен Балкан, се вели во соопштението од МНР.

Соговорниците размениле мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и случувањата во и околу Украина, при што било нагласено дека зајакнувањето на трансатлантската соработка и заедничкиот пристап е од примарно значење за надминување на актуелните безбедносни предизвици.

Воедно, била изразена заемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина и беше упатен заеднички повик за деескалација на состојбите преку дијалог и дипломатска комуникација, што е во интерес на целокупната европска безбедност.

Во рамки на телефонскиот разговор, станало збор и за билатералните односи, при што беше истакната важноста од нивно понатамошно надградување, а воедно беа разледани и можностите за продлабочување на стратешкото партнерство и јакнење на трансатлантските врски.

Ова е втор телефонски разговор на министерот Османи со советникот Шоле во изминатите две недели. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!