Вие имате прво да ја знаете вистината

Папата Франциско изрази загриженост: Војната во Украина би била вистинска лудост

Папата Франциско денес изјави дека војната во Украина може да биде вистинска лудост и изрази надеж дека тензиите помеѓу Укриана и Русија може да се надминат преку мултилатерален дијалог.

Говорејќи денес, папата Франциско им се заблагодари на оние кои учествуваа на Меѓународниот ден на молитвата за мир во Украина на 26 јануари.

Да продолжиме да му се молиме на Бога тензиите и заканите од војна да можат да се надминат преку сериозен дијалог и дека разговорите во формат Нормандија можат да придонесат за таа цел, потенцираше тој, алудирајќи на разговорите помеѓу Русија и Украина со посредство на Германија и Франција, и за крај нагласи:

Да не заборавиме: војната е вистинско лудило!

Русија стационираше војници во близина на украинската граница, но ги негира обвинувањата на Западот дека планира напад врз таа земја.

Повеќето Украинци се православни христијани, но земјата има и свој огранок на Католичката црква, која практикува источни ритуали слични на православната молитва, додека покажува лојалност кон папата во Рим.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!