Во Будва се уште не е пронајдено побегнатото лавче.
Дарко Савељиќ од Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора предупредува дека денес е младенче, но дека лавовите брзо растат и дека за два-три месеци ќе почне да јаде кучиња, мачки, луѓе.
– Ситуацијата е доста сериозна – изјави Сављевиќ, пренесува Vijesti.me.
Тој додаде дека Црна Гора во последните години има интензивни „страшни проблеми“ со шверцот на егзотични животни и дека тоа може да се види од ден на ден благодарение на социјалните мрежи.
Савељиќ рече дека Агенцијата дошла до сознание дека во внатрешноста на Будва има младенче лав, а дека всушнот Агенцијата е таа која издава дозволи за увоз и извоз и дозволи за чување.
– Ја погледнавме нашата документација, такво животно не е пријавено во Агенцијата дека ги поминало границите на Црна Гора – рече тој.
Тој објасни дека решиле да и помогнат на полицијата и на еколошката инспекција со организирање на нивните волонтери, дронови …
-Исто така, општина Будва иницираше граѓаните да си погледнат во дворот, тука се пожарникарите, ќе има Служба за заштита и спасување – рече Савељиќ.
Тој додаде дека не е љубител на зоолошки градини и дека верува дека тоа се „некакви казамати каде што животните навистина страдаат, бидејќи дивите животни, особено дивите животни, страдаат во кафезите“.