Вие имате прво да ја знаете вистината

Почина Гец Вернер, легендарниот основач на компанијата DM: Сакаше да биде фармацевт и создаде малопродажна империја

Гец Вернер, основачот на синџирот аптеки DM, или Drogerie Markt, почина на 79-годишна возраст.

Со тажни срца и во голема тага ви ја пренесуваме тажната вест дека денес на 8. февруари 2022 година почина Гец Варнер на 79-годишна возраст, основачот на DM, оваа порака денес во е-поштата што ја добиле работниците на DM ширум светот и во Македонија.

Реченицата што често тој ја изговараше, „Упорност во стремежот и решителност во исчекувањето на успехот“ – за него не беше празна фраза, туку најдлабоко убедување и став на животот. 

Семејството, компанијата и работната заедница му беа многу важни и извор на среќа. Неговите идеи ќе продолжат да живеат во DM како компанија и работна заедница која ја збогати со своите визионерски ставови и идеи, стои на крајот од мејлот до вработените во DM.

Гец Вернер е роден во Хајделберг во 1944 година, син на фармацевт. Според неговото семејство, негова најголема желба била еден ден и самиот да стане фармацевт.

По завршувањето на своето образование во Констанц, тој најпрвин работел во компанијата на неговиот татко. Сепак, неговите бизнис идеи не беа добро прифатени таму.

Тој го напуштил родниот град Хајделберг во 1969 година и се приклучил на компанијата „Drogerie Roth“ од Карлсруе, а потоа во 1973 година основал своја компанија односно DM – Drogerie Markt.

Неговата максима беше „Трајно, конструктивно незадоволство од постојните услови“ што доведуваше до постојани промени во компанијата. Ваквиот став на крајот доведе до голем успех на компанијата, која сега работи во дури 14 европски земји. 

Денес, компанијата вработува вкупно 66.000 луѓе, а има обрт од над 12,3 милијарди евра, таа е лидер на пазарот во Европа и еден од најбараните работодавци во својата индустрија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!