Вие имате прво да ја знаете вистината

По заканите на Бајден упатени за проектот Северен тек 2 се огласи Москва: Овој проект е од значајна потреба на Европа, доколку не го сакате ние имаме каде да го продадеме нашиот природен гас!

Американскиот претседател Џо Бајден се закани дека гасоводот Северен тек 2 нема да биде пуштен во употреба доколку Русија не се откаже од плановите за напад на Украина. Неколку дена по оваа изјава се огласија и од Москва.

Под претпоставка дека гасоводот Северен тек 2 нема да биде пуштен во употреба, Русија ќе најде други купувачи за тој гас, изјави постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов.

По разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц, Бајден вети дека гасоводот што треба да носи руски гас во Европа, пред се во Германија, нема да биде пуштен во употреба доколку Русија ја нападне Украина. Москва упорно ги негира тврдењата на Западот дека подготвува инвазија и напад, а Шолц не ја потврди оваа закана на Бајден.

Одговарајќи на таа изјава, Чижов изјави дека лансирањето на Северен тек 2 е потребно на европските потрошувачи и држави, а не на самата Русија.

Ќе најдеме каде и како да продаваме гас, доколку во овој момент хипотетички замислиме дека нема да има Северен тек 2, потенцираше Чижов.

Претходно тој изјави дека Русија, односно Гаспром, не е обврзана да го зголемува извозот на гас во ЕУ и истакна дека Москва веќе испорачува дополнителни количества, иако не до степен до кој сака Брисел.

Северен тек 2 е гасовод со капацитет од 55 милијарди кубни метри годишно. Иако поставувањето на цевките е завршено, гасоводот не може да работи без сертификација, која е суспендирана.

Кога германскиот регулатор ќе донесе нацрт-одлука за сертификација, ќе биде потребно мислење од Европската комисија, која ќе го донесе својот заклучок по консултациите со Украина, преку која во моментов пристигнува руски гас во Европа и кој ќе биде прекинат со отварањето на овој нов гасовод.

Во меѓувреме, цените на бензинот на европскиот пазар пораснаа многукратно во однос на минатата година. Властите во европските земји постојано ја обвинуваат Русија дека предизвикува енергетска криза. Русите, од друга страна, велат дека му понудиле на Брисел продолжување на соработката во форма на долгорочни договори, но Европската комисија инсистира на пазарните цени, што доведе до криза.

Гаспром во вторникот објави дека цената на неговиот гас во декември изнесувала 517,8 долари, наспроти 156,6 долари во декември 2020 година. Просечната цена за цела минатата година била 272,8 долари.

Тие цени се многукратно пониски од цените на берзата. Така, на 21 декември минатата година цената на гасот на берзите во Европа за прв пат во историјата надмина 2.000 долари за илјада кубни метри, на бранот студено време и ненормално ниските резерви во европските подземни складишта.

Цената потоа беше прилагодена, благодарение на затоплувањето, зголеменото производство на електрична енергија од ветерниците и зголемениот број танкери кои транспортираат природен гас ЛНГ од САД во Европа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!