Вие имате прво да ја знаете вистината

Променет Уставот на Србија

Собранието на Србија објави промена на Уставот во областа на правосудството, која беше изгласана на референдум.

Објавени се Законот за промена на Уставот на Република Србија и Уставниот закон за спроведување на Законот за промена на Уставот на Србија, пренесува Telegraf.rs.

На седницата присуствуваа премиерката Ана Брнабиќ и членовите на нејзиниот кабинет, претставници на дипломатскиот кор како и претставници на судството.

Со интонирање на химната свечено беа прогласени измени на Уставот, а гардата беше поставена пред Домот на народното собрание.

Граѓаните на референдумот што се одржа на 16 јануари ги изгласаа измените на Уставот, како што предвидува законот.

Измените ги поддржале 59,62 отсто од гласачите, а против биле 39,35 отсто од граѓаните кои излегле на референдумот.

Да потсетиме, измените се однесуваат на избор на судии и обвинители, со што треба да се овозможи поголема независност на судството, што е една од обврските на Србија кон ЕУ и дефинирана со Акцискиот план за поглавјето 23. Србија ова поглавје, кое се однесува на правдата и основните права го отвори во јули 2016 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!