Вие имате прво да ја знаете вистината

Се стопи како “путер на рингла”, поранешниот држевен секретар на Трамп за 6 месеци изгуби 40 килограми, зборуваа дека е болен од рак, еве ја неговата тајна (фото)

Поранешниот директор на ЦИА и државен секретар на САД во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, Мајк Помпео (58) изгледа целосно непрепознатливо откако ослабе 40 килограми за само шест месеци.

Помпео во својата долга кариера досега се соочил со многу предизвикувачки ситуации, но не сака да зборува за слабеењето од страв дека ќе ги врати сите изгубени килограми. Сепак, во ексклузивното интервју за The Post, тој откри како и зошто ослабел.

Сè започна на 14 јуни 2021 година, кога стапна на вага и за прв пат во животот виде дека тежи речиси 135 килограми.

Следното утро, рече тој, се разбудил и и рекол на својата сопруга Сузан: „Денес е тој ден“.

-Почнав да вежбам, не секој ден, туку речиси секој ден, да се хранам правилно и килограмите почнаа да паѓаат – рече тој.

Потоа инвестирал во домашна теретана во неговиот подрум.

Се обидов да слезам пет-шест пати неделно и да останам таму околу половина час. Немаше тренери, нутриционисти. Само јас.

Тежината почна да се зголемува кога тој првпат беше избран во Конгресот како претставник на Канзас во 2010 година, рече Помпео, нагласувајќи дека губењето килограми за него е животна борба.

Тој рече дека морал да биде многу дисциплиниран за да ослабе, особина што досега ја применувал на сите важни функции што ги извршувал во владата, но не и за сопственото здравје.

Се здебелив речиси 45 килограми за 10, 11 години – години кои се совпаднаа со мојата повреда на стапалото – па тврдев дека тоа е причината поради која се здебелив толку многу – рече тој.

Сега тој ги исфрли чизбургерите, јаглехидратите и задоволствата кои стоеја покрај неговиот компјутер додека работеше до доцна во ноќта – или патуваше со авион низ светот.

Промената на исхраната не ја промени семејната традиција, но наместо да нарача еден куп палачинки во ресторанот како порано, Помпео сега избира многу поздрава храна.

Нашето семејство се собира околу храната. Ние сме Италијанци и сакаме да се собираме околу добар оброк, тестенини и леб, сирење и десерт. Ќе продолжиме да уживаме во оброците со семејството и пријателите, освен што јас ќе бидам типот што ќе каже „јас ќе јадам салата“ – рече смеејќи се.

Тој рече дека е импресиониран од коментарите на социјалните мрежи и дека тие главно не се позитивни, но многумина шпекулираа дека има здравствени проблеми, па дури и рак.

Откако ја напушти администрацијата на Трамп, Помпео стана соработник на Фокс њуз, ангажиран е како висок советник за глобални прашања во американскиот Центар за право и правда и претседава со CAVPAC, организација посветена на избор на конзервативни кандидати во Конгресот и Сенатот на САД.

Во меѓувреме, Помпео рече дека се надева дека неговиот пат ќе ги инспирира и многу други кои се борат со дебелината да изгубат тежина.

-Тешко е и не е трајно. Нема гаранција дека ќе останам на оваа тежина, но ако разберете дека може да се случат добри работи кога ќе продолжите со неа, можете да успеете – изјави Помпео, кого најмногу го поддржаа неговата сопруга, синот Ник и идната снаа Рејчел.

Сите ги поддржаа моите напори да се опоравам, што беше вистинскиот фокус. Облеката ми стои подобро и имам повеќе енергија. Но, на крајот сакам да бидам со семејството и се надевам дека ќе имам многу внуци – заклучил тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!