Вие имате прво да ја знаете вистината

Страшно предупредување на руски воен адмирал: САД и Велика Британија со „амнестија“ на терористи планираат нов конфликт во Сирија!

Неколку стотици терористи во Сирија се ослободени и примени во вооружените единици под американска контрола, изјави заменик-шефот на рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, адмирал Олег Журављов.

САД и Велика Британија продолжуваат да ја спроведуваат т.н. „амнестија“ за членовите на терористичките групи во Сирија. Периодов стотици следбеници на радикалните движења беа ослободени и прифатени во вооружените единици под американска контрола. Еден дел од нив се префрлени на територијата на зоната Танф, изјави Журављов за руските медиуми.

Во близина на градот Танф воедно се наоѓа и американската воена база.

Тој додаде дека ситуацијата во областите под американска контрола околу Еуфрат – е повеќе од критична и дека за три дена биле извршени над десет терористички напади, а 18 луѓе биле убиени, додека 25 ранети.

Тој додаде дека ослободените терористичките лидери планираат да извршат диверзии против државните службеници и објекти во провинциите Хомс, Дамаск, Дера и Ас-Сувејда.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!