Вие имате прво да ја знаете вистината

Шопинг лудило во Полска: Чесите брзаат кон соседите кои укинаа ДДВ за храна

Голем број Чеси итаат преку границата кон Полска, откако владата на таа земја привремено го укина ДДВ-то за основните прехранбени производи. Многумина ова го нарекоа „шопинг лудило“.

Од 1 февруари лебот, млечните производи, месото и многу други производи се ослободени од данок на додадена вредност во Полска, а ДДВ за гориво е намален од 23 на осум отсто.

Полската влада соопшти дека мерката за борба против инфлацијата ќе остане во сила половина година. Во декември стапката на инфлација е 8,6 отсто во однос на истиот период лани.

Еден литар бензин чини околу 1,49 евра во Чешка, наспроти 1,16 евра во Полска.

Чешките прописи дозволуваат транспорт до 20 литри бензин во канистри преку граница, а според локалните медиуми, некои возачи неколку пати ја минуваат полската граница и купуваат до 100 литри.

Нултата стапка на ДДВ за одредена храна, очигледно, исто така обезбеди дополнителна мамка за Чесите.

Долги редици има за месо, млечни производи и овошје, пишува чешкиот дневен весник Млада Фронта Днес. На пример, портокалите во Полска чинат 0,64 евра за килограм во споредба со 2,06 евра во просек во Чешка.

Иако полските прехранбени производи се поевтини отколку во Чешка, разликите во цените не се толку атрактивни како кај бензинот, пишуваат чешките медиуми.

Во малопродажниот сектор во чешкиот пограничен регион веќе има поплаки за големи загуби од продажбата.

Кај нас луѓето купуваат само половина леб или неколку кифлички“, вели за Блеск продавачка од Источна Петровица во Карвине.

Една од причините за прекуграничниот лов е тоа што цените нагло се зголемија во Чешка неодамна. Во декември инфлацијата е за 6,6 отсто повисока во однос на истиот месец лани.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!