Вие имате прво да ја знаете вистината

Што се случува на ЗОИ, зошто натпреварувачите на Русија не го добија освоениот златен медал, дали повторно станува збор за користење допинг на руските натпреварувачи !?

Планираната церемонија за доделување на медали за екипното уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг е одложена поради правен проблем.

Церемонијата која беше закажана за вторник, на која на Русија требаше да и биде доделен златниот медал, додека на САД сребрениот медал а Јапонија да се здобие со бронзениот медал, е одложена.

Како што изјави портпаролот на Меѓународниот олимписки комитет, Марк Адамс, причината се правни консултации.

Се верува дека причината за одложувањето е ситуација во која се вклучени Рускиот олимписки комитет (РОК) и меѓународниот центар за допинг контроли, наводно се вели дека проблемот е поврзан со допинг тестот на руските натпреварувачи спроведен пред Пекинг 2022 година.

Русија победи во екипното натпреварување, кое се одржа во понеделникот на 7-ми февруари.

Ситуацијата настана минатиот ден за краток временски период, а тоа бара правни консултации со МОК, изјавија од ИСУ.

Меѓународната унија за лизгање како причина ги наведе и правните консултации.

Доколку некој спортист или тим биде дисквалификуван, најверојатно ќе следи жалба до Судот за спортска арбитража и одредене казна според заслугата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!