Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Црна Гора пронајдено исчезнато лавче

Денеска е пронајдено лавчето, кое на крајот на јануари исчезна во Побори над Будва.

Полицијата од Будва потврди дека младенче лав било пронајдено во стара куќа на пат кон селото Крапина, пишува Vijesti.me.

Лавчето го лоцирал полицаец, кој ги повикал претставниците на Агенцијата за заштита на животната средина, кои го фатиле. Животното ќе биде сместено во просториите на Службата за заштита и спасување додека не се најде соодветно сместување.

Тоа на својот Фејсбук профил со видеото го потврди и граѓанскиот активист Александар Драгичевиќ.

Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!