Вие имате прво да ја знаете вистината

Група од 39 граѓани на Авганистан кои престојуваа во земјава заминаа за Канада

Нова група од 39 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава, претпладнево од Меѓународниот аеродром Скопје заминаа за Канада којашто им обезбеди престој во рамки на здружената глобална акција за помош на авганистански цивили.

Станува збор за вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership – OGP) каде што Македонија е официјално членка.

– Во рамките на спасувачката мисија, во Македонија во моментов престојуваат 503 авганистански граѓани кои се згрижени од институциите со целата потребна поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 217 цивили на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот, стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!