Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше негативен на тестот за Ковид-19 попладнево, откако минатата недела се зарази со коронавирус и повеќе не покажува симптоми, изјави неговиот лекар Серкан Топалоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Лекарот за АА потврдил дека претседателот на Турција немал никакви симптоми на коронавирус во последните неколку дена, а неговата сопруга Емине Ердоган има „многу благи симптоми“.
– ПЦР тестовите што ги направивме последните два дена беа негативни. Мислам дека нашиот претседател ќе се врати на својата рутина многу брзо, дури и утре – изјави Топаглу.
Истакнувајќи ја важноста на вакцините во процесот на закрепнување на Ердоган, Топалоглу рече:
– Сметаме дека вакцините се дефинитивно многу ефикасни. Ставот на нашиот претседател за вакцините е многу јасен уште од почетокот на пандемијата.
Тој додаде дека претседателот е еден од првите луѓе што биле вакцинирани против Ковид-19 во Турција.
Ердоган во саботата рече дека тој и првата дама Емина Ердоган биле позитивни на омикронската варијанта на коронавирусот.