Вие имате прво да ја знаете вистината

ЛЕЈЛА се препороди откако го остави 32 години постариот сопруг Шон Пен: Сега живее како КРАЛИЦА, БЕЗ ПРЕПРЕКИ! (ФОТО)

Лејла Џорџ го живее животот во потполност откако поднесе барање за развод од Шон Пен во октомври минатата година.

Поранешната сопруга на американскиот актер Шон Пен, Лејла Џорџ ги воодушеви сите на Бонди кога се појави на плажа. Во црвено бикини Лејла го покажа своето неверојатно извајано тело, а 29-годишната убавица ја придружуваа актерите Кик Гери, Александар Ингланд и Линколн Јунес.

Лејла, одлично расположена, не обрнувала внимание ниту на фотографите кои внимателно го снимале секој нејзин чекор.

Лејла Џорџ поднесе барање за развод од актерот Шон Пен во октомври минатата година, а судејќи по папарацо фотографиите кои се појавуваат, таа го живее животот во потполност.

Поранешните сопружници се запознаа на снимањето на „Последното лице“ во 2015 година, а беа во врска пет години пред да се венчаат на приватна церемонија во нивната семејна куќа во јули минатата година. Во бракот издржаа само 15 месеци.

Точните причини за раскинувањето не се познати, но се шират гласини дека нивната врска имала подеми и падови уште пред да се случи свршувачката, а големиот проблем наводно бил пренатрупаниот распоред на Шон и бројните деловни обврски.

Лејла, инаку, е само неколку месеци помлада од 30-годишната ќерка на Шон-Дилан Пен и две години постара од неговиот 27-годишен син Хопер Пен.

За Шон оваа е веќе трет пропаднат брак откако во 2010 година се разведе од актерката Робин Рајт со која помина 14 години, а во 1989 година се разведе од поп-кралицата Мадона.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!