Американскиот претседател Џозеф Бајден денес телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон за украинската криза.
Како што е соопштено од Белата куќа, разговорот бил за неодамнешната посета на Макрон на Русија и Украина.
Двајцата водачи, исто така, разговараа за тековните дипломатски напори и мерките за одвраќање преземени во тесна координација со сојузниците и партнерите, како одговор на „постојаното зголемување на руските сили на границата со Украина“.