Вие имате прво да ја знаете вистината

Моќна грдосија во Јадранот, американскиот нуклеарен носач на авиони Хари Труман пристигна во Сплит, на него има посада од 5.500 членови (фото)

Хрватската влада го одобри влезот на американскиот воен нуклеарен носач на авиони Хари С.Труман во внатрешните морски води на Република Хрватска и неговиот престој во пристаништето во Сплит од 11 до 15 февруари. Труман последен пат беше закотвен пред сплитското пристаниште пред седум години кога беше отворен за јавноста, што овој пат тоа нема да се случи. Труман плови во пристаништето во Сплит за логистичко дополнување на потребштините и одмор на екипажот на бродот, кој има околу 5.500 членови.

Претходно беше објавено дека Труман и неговата борбена група бродови ќе учествуваат во вежби во јужниот дел на Јадранот од 24 јануари до 4 февруари. Во исто време, уште две борбени групи се собраа во близина околу италијанскиот носач на авиони Кавур и францускиот нуклеарен носач на авиони Шарл Де Гол.

Navalnews известува дека трите носачи се споиле на 6 февруари во Медитеранот, а потоа одржале дводневна воена вежба, со што силите на НАТО за првпат по многу децении се здружиле во таква моќна формација.

Во првата вежба Нептун Страјк 22, која заврши на 4 февруари, учествуваа и хрватските вооружени сили, но не се прецизира во каква форма.

Делови од француската, италијанската и американската морнарица одржаа заедничко испловување вежбајќи ја интероперабилноста и взаемното користење на капацитетот на сите три носачи, во кое имаше и меѓусебна размена на авиони. Лансирањето на вакви големи формации на бродови, се разбира, е директно поврзано со украинско-руската криза и со влегувањето на руски десантни бродови со илјадници војници и стотици оклопни транспортери од Балтикот до Медитеранот, а потоа, според најновите вести, до Црното Море, поминувајќи низ Босфорот и Дарданелите.

По истиот пат до Црното Море, како што веќе најави командата на француската морнарица, ќе се упатат неколку фрегати и разурнувачи од борбената група околу Шарл де Гол како дел од операцијата Клемансо 22, која се одржува во февруари и март. Во вежбата од крајот на јануари и почетокот на февруари учествуваа околу 90 авиони, два носачи (Труман и Кавур) и 15 други бродови. Кога три носачи на авиони ги здружија силите, учествуваа околу 140 борбени авиони и други авиони, како и околу 30 придружни бродови и подморници. Ударната сила на споменатите носачи на авиони ја сочинуваат ескадрилите Ф-18 (Труман), Рафале (Шарл де Гол) и Ф-35Б (Кавур).

На вежбите, како што беше најавено, се приклучија и грчкото воздухопловство како и делови од морнарицата во Јонското море.

Американскиот носач на авиони Труман на 1 декември исплови од матичното пристаниште Норфолк, Вирџинија, па по толку време, екипажот доби пет слободни дена да помине во Сплит. Францускиот носач на авиони Шарл де Гол ги продолжува операциите во источниот Медитеран, каде најверојатно ќе остане неколку недели.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!