Вие имате прво да ја знаете вистината

Последните вести од Франција би можеле да го израдуваат Новак Ѓоковиќ

Според информациите од Франција, кои денеска ги пренесуваат српските медиуми, Новак Ѓоковиќ би можел да игра на „Ролан Гарос“ во Париз без задолжителната вакцинација.

Имено, францускиот шеф на стратегијата за Ковид, Алан Фишер изјавил дека правилата во таа земја може да се променат пред почетокот на турнирот, истакнуваат тамошните медиуми и дека спортистите нема да мора да се вакцинираат пред настапот во Франција.

Во францускиот Сенат, Фишер, наводно, рекол дека забраната може да биде „укината многу брзо“.

– Има мерки за ковид кои се уште важат, но постепено се укинуваат. Секогаш велевме дека сакаме да го укинеме ковид сертификатот за вакцинирани штом тоа го дозволи ситуацијата во болниците, изјави Габриел Атал, портпарол на француската влада, запрашан за коментарите на Фишер.

– Професорот Фишер рече дека проекциите се такви што би можеле да ги укинеме пропусниците кои важат само за вакцинирани лица во март или април. Секако, го сакаме тоа, изјави Атал, а пренесуваат француските медиуми.

Бидејќи „Ролан Гарос“ се одржува на крајот на мај и почетокот на јуни, Ѓоковиќ би имал реална шанса да настапи во Париз.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!