Вие имате прво да ја знаете вистината

Почина биологот кој го откри ХИВ вирусот и за него ја доби Нобеловата награда за медицина

Лук Монтание, добитник на Нобеловата награда за медицина за неговиот придонес во откривањето на вирусот ХИВ, почина во вторникот на 89-годишна возраст во американската болница Нојли-сур-Сен во близина на Париз, објави денес градоначалникот Жан-Кристоф Фроманти.

Францускиот научник, кој неодамна стана контроверзна личност според стандардите на научната заедница, ја доби Нобеловата награда за медицина во 2008 година за идентификување на ХИВ со неговата колешка Франсоа Баре-Синуси и колегата Жан-Клод Шерман во 1983 година.

Името на биологот Монтание засекогаш ќе остане поврзано со откривањето на вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) кој предизвикува СИДА.

Од 1991 до 1997 година, Монтание го водеше Одделот за СИДА и ретровирус на Институтот Пастер и предаваше на колеџот Квинс во Њујорк Сити до 2001 година.

Неговата научна брилијантност во последниве години беше заматена од ставовите што ги имаше во дискусиите со други научници.

Од 2017 година, тој почна да се спротивставува на вакцините, а кога изби пандемијата на Ковид-19, зазеде став што беше отфрлен од научната заедница.

Со контроверзните изјави за вакцините против Ковид-19, Монтание ги стекна симпатиите на анти-ваксерите.

„Отсекогаш сум го барал необичното. Работев напорно во мејнстримот“, се доверил тој во документарниот филм од 2014 година за неговата работа.

Така, меѓу другото, тој ги застапуваше теориите дека причината за аутизмот е микроб, дека папајата лекува некои болести и дека ДНК емитува електромагнетни бранови.

Во пандемијата на Ковид-19, тој стана познат по тврдењето дека вирусот САРС-КоВ-2 бил манипулиран во лабораторија со додавање на „ХИВ секвенца“ и дека вакцините се одговорни за појавата на нови варијанти на вирусот.

Ваквите тези, отфрлени од виролозите и епидемиолозите, станаа непожелни во научната заедница.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!